И должел 15.000 долари за алиментација, па решил да ги исплати на несекојдневен начин (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Двај Сулсиларто од Индија, кој работел како службеник во владата, бил принуден на поранешната сопруга да и исплати 178 милиони рупии, поточно 14.520 долари за заостанатата алиментација, што и го сторил, но на крајно несекојдневен начин.

Имено, Сулсиларто на судот во Централна Јава се појавил со двајца родители, турајќи во колич 14 џакови кованици.

Кога жената во мај го тужела дека „финансиски ја запоставувал“ девет години, судот му наредил да ја плати алиментацијата до 23. август годинава.

Во овој базен за една година биле уфрлени 1,5 милиони евра во монети (фото)

Loading...

– Иако работам во државна установа, јас сум работен од низок ранг, од каде ми се 178 милиони рупии. Пријателите ми помогнаа, рекол Двај.

За три месеци, колку изминале од претходното рочиште, Двај успеал да собере 155 милиони рупии во монети, додека останатиот дел го исплатил во банкноти.

Парите ги предал на судот, каде на судските службеници им наложил да ги пребројат парите, кои потоа биле проследени до неговата сопруга.

Leave a Reply