Битката за Бахмут не стивнува, украинските сили држат позиции во разурнатиот град

Сподели со своите пријатели

Украинските сили се под постојан напад, но сè уште држат позиции во разурнатиот Бахмут, каде руските војници ја бараат својата прва голема победа по повеќе од половина година, пренесува Ројтерс.

Loading...

Русија смета дека заземањето на Бахмут ќе го отвори патот за целосна контрола врз остатокот од стратешкиот индустриски регион Донбас што граничи со Русија, што е една од главните цели на инвазијата што започна на 24 февруари минатата година.

Серхи Рахманин, пратеник во украинскиот парламент, смета дека одбраната на Бахмут веројатно не може да продолжи бесконечно и смета дека украинските војници најверојатно ќе мора да го напуштат Бахмут „порано или подоцна“.

„Нема смисла да се одржува по секоја цена“, изјави тој за украинското радио НВ, оценувајќи дека градот во моментов се брани со неколку цели – да се нанесат што е можно повеќе загуби на руската страна и да се принуди да троши муниција и ресурси.

Битката за Бахмут започна пред седум месеци, а во последните недели Русите напредуваат од три страни, па украинските војници имаат излез на запад, наведува британската агенција.

Во објава на Јутјуб, воениот аналитичар Олех Жданов ја опиша ситуацијата како „критична“ и предупреди на опасноста украинскиот гарнизон во Бахмут да биде опколен, бидејќи Русите се обидуваат да ги пресечат рутите што се користат за снабдување на украинските сили во градот.

„Руските сили не можат да победат во уличните битки во Бахмут или да го заземат градот со директен напад. Единствениот начин на кој можат да го преземат е да го опкружат“, го цитира Ројтерс воениот аналитичар Олех Жданов.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...