Дилер, инфлуенсер и мотивационен говорник од Калифорнија, Вајат Пасек (22) беше уапсен за дилање таблети и на крајот беше осуден на 17 години затвор.
Пасек беше познат како дилер кој сакаше да се пофали со раскошен начин на живот на Инстаграм. Има многу фотографии од луксузни автомобили, убави девојки, раскошно опремени станови, како и луксузни патувања.
Тој, наводно, ги дилал таблетите што самиот ги правел во тајна лабораторија и ги дизајнирал да изгледаат како лекови против болки Оксиконтин. Сепак, неговиот „производ“ всушност содржел фентанил, синтетички опијат кој е 80 до 100 пати посилен од морфинот.
За време на апсењето во лабораторијата полицијата пронашла 100.000 таблети, шест килограми фентанил, како и снопови банкноти. Заплениле 21.000 американски долари во кеш, часовник со дијаманти, златен ѓердан со дијаманти, две златни прачки и илјадници долари во криптовалути.
Покрај тоа, тој пиушвал мотивациони цитати на Инстаграм каде го следеа повеќе од 11.000 луѓе.
“Се започна како сон. Секогаш верувајте во себе, дури и кога никој друг не верува. Ако не верував во себе, веројатно немаше да имам еден од најголемите подароци на сите времиња: слобода. Слобода од временски ограничувања, од тоа да бидам на едно место и што е најважно финансиска слобода. Животот ќе ви го даде она што го вложувате во него. Ако сте просечни, ќе го вратите просекот “, напиша тој во една објава.
Инаку, тој водел бизнис за дистрибуција на лекови со уште двајца помошници, а наводно тие произведувале илјадници таблети месечно.
На судењето во ноември минатата година, тој призна дека се занимавал со трговија со дрога и исто така е обвинет за перење пари и поседување огнено оружје. За сето ова, тој беше осуден на 17 и пол години затвор.