Безос го прекина емотивниот говор на капетанот Кирк, откако тој се врати од вселената (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Фановите на Вилијам Шатнер го нападнаа Џеф Безос затоа што го прекина емотивниот говор на саканиот актер од „Sвездени патеки“ – кој штотуку се врати од вселенско патување, за да прска со шампањско наоколу.

Loading...

„Она што ми го дадовте е најдлабокото искуство. Толку сум исполнет со емоции поради она што само се случи”, му рече Шатнер на Безос по летот.

„Тоа е извонредно. Тоа е многу поголемо од мене и животот. Тоа нема никаква врска со малите зелени луѓе и сината топка. Тоа има врска со пространоста, брзината и ненадејноста на животот и смртта. Се надевам дека ќе можам да го задржам она што го чувствувај сега. Не сакам да го изгубам ова чувство“, продолжи Шатнер.

Принцот Вилијам против вселенски туризам: Подобро нека ја спасат Земјата

Безос изгледаше деконцентрирано за време на говорот со Шатнер и рече: „Дај ми шише шампањ“, пред да го испрска целиот екипаж, кој врескаше возбудено.

Откако богаташот го прекина своето излагање, Шатнер се тргна и остана збунето да стои во место.

„Џеф не може да се надмине! Се сѐ врти околу него”, рекол еден корисник на Твитер, по што следеле негативни коментари за видеото од тој настан што кружело по мрежите.

„Шатнер дозна за кревкоста на животот тој ден… и ние дознавме за кревкоста на нечие его“, напишал друг корисник.

Loading...

„Тоа само покажува дека со пари не се купуваат манири и класа“, објави некој друг.

“Ајде, Џеф, дај му на човекот една минута. Каде е Скоти кога ти треба! Пренеси го Безос, те молам”, рече друг.