Принцот Вилијам против вселенски туризам: Подобро нека ја спасат Земјата

Сподели со своите пријатели

Принцот Вилијам во четвртокот го критикуваше вселенскиот туризам и вселенската трка, тврдејќи дека најголемите светски умови треба да се фокусираат на лекување на нашата планета, бидејќи Земјата е многу загрозена.

Loading...

Интервјуто на Војводата од Кембриџ за Би – Би – Си се емитуваше ден откако Вилијам Шатнер, ѕвездата на Sвездени патеки, стана најстарата личност во светот што летала во вселената.

Познат по улогата на капетан Џејмс Кирк, 90-годишниот актер во средата скокна во вселената во ракетата на милијардерот и основачот на Амазон, Џеф Безос, кој исто така е сопственик на вселенската туристичка агенција Blue Origin.

„Потребни ни се најголемите умови во светот да се фокусираат на тоа како да ја поправиме нашата планета, а не да бараме друго место за живеење“, рече Вилијам, три недели пред климатската конференција на ОН во Глазгов (COP26).

Во интервју за Би – Би – Си, тој рече дека премногу се зборува за климатските промени и други еколошки проблеми, а премалку акција.

„Не можеме повеќе да бидеме паметни и мудри, ни требаат повеќе акции“, рече тој, пренесе Хина.

Тој смета дека е од клучно значење претстојната конференција на ОН „јасно и искрено“ да ги идентификува проблемите и какви ќе бидат решенијата.

Научни предупредувања

Loading...

Тој посочи дека младите се многу загрижени за климатските промени и дека би било „апсолутна катастрофа“ доколку неговиот најстар син Џорџ зборува за истите овие проблеми за 30 години, кога е предоцна.

„Сакам моите деца и сите деца во светот да уживаат во работите во кои уживав, животот во природа и на отворено“, рече принцот Вилијам.

Конференцијата на ОН за климата се отвора во Глазгов на 31 октомври, а принцот Вилијам ќе се појави на неа наместо кралицата Елизабета и принцот Чарлс.

Земјите – членки на ОН ќе ги продолжат преговорите на состанокот во Шкотска со цел намалување на емисиите на стакленички гасови и ублажување на ефектите од климатските промени.

Научниците предупредуваат во извештајот на ОН дека глобалното затоплување може да направи некои делови од светот да не можат да се населат и дека глобалната температура за 1,5 степени целзиусови повисока отколку од прединдустриското време што може да се постигне за неколку децении, доколку нема значително намалување на стакленичките гасови емисии.гасови.