Без вода во Куманово денеска неколку локации

Сподели со своите пријатели

Поради интервенции на водоводната мрежа во Куманово денеска без вода ќе бидат неколку локации.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците: „Цар Самоил“, „Веселин Вуевски“, „Ѓуро Ѓаковиќ“, „Ѓуро Пуцар Стари“, улицата „147“ во населбата Карпош, како и дел од булеварот „Октомвриска револуција“.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Leave a Reply