Без вода пет локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Пет локации во Куманово денеска привремено ќе бидат без вода поради дефекти на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците „Јоско Илиевски“, „Стефан Филиповиќ“ бр. 18, м.в. Стари лозја. Поради вршење приклучок без вода ќе биде населбата Черкези, додека улицата  „Бајрам Шабани“ ќе остане без вода поради ископ на нова водоводна шахта за вградување на нови секторски затворачи.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и се очекува надминување на дефектите во најскоро време.

Никола Ивановски