Без вода денеска овие улици во Куманово

Сподели со своите пријатели

Без вода во Куманово денеска ќе бидат неколку локации, поради дефекти во дистрибутивната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улица „427“ во населбата Иго Тричковиќ, локалитет Спомен Костурница, улица „Тонко Димков“, булевар „Октомвриска револуција“ – сектор К-4, улица „Климент Охридски“ и булевар „Трета МУБ“ – улица спроти „Два елена“.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

Leave a Reply