Без вода 10 локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Десет локации во Куманово денеска ќе бидат без вода поради дефекти на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во водоснабдувањето денеска ќе има на улицата „Ѓорче Петров“ број 12 и околните објекти, улицата „30“ во населбата Карпош, улица „Васко Карангелевски“, улицата „1“ во населбата Јане Сандански, „ Лесковачка“ од бр. 40 до бр. 54, „Иво Лола Рибар“ (сектор хотел „Солун“), „В. Карастојанов“ бр.10 и околни објекти, улицата „Наце Буѓони“ и улицата „310“ во населбата Ајдучка чешма.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

Leave a Reply