Без струја утре неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Прекини на електричното напојување во делови од Куманово се најавени за денеска и утре, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Во период од 08:30 до 15:00 часот без електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците во населбата Карпош, струја од 09:00 до 12:00 часот ќе немаат ниту корисниците од локалитетот Багремов цвет, додека пак во период од 12:00 до 15:00 часот прекини ќе има во дел од селото Младо Нагоричане.

Денеска пак во период од 10:00 до 14:00 часот електрична енергија ќе нема на улицата „Титова митровачка“, од 08:30 до 15:00 часот прекини ќе има во населбата Ајдучка Чешма, а од 09:00 до 12:00 во липковските села Матејче, Виштица, Никуштак, Гошинце, Лукаре, Стрима и Пресница.

Leave a Reply