Низа локации во Куманово и Старо Нагоричане денеска и утре привремено ќе останат без напојување со електрична енергија.
Денеска во период од 08:15 до 14:00 часот без струја ќе останат селата Кутлибег, Зубовце, дел од селото Тромеѓа, како и селата К’шање, Бељаковце, Колицко, Косматац, Мургаш, Скачковце, Новосељане.
Прекини денеска во истиот период ќе има и во населбата Перо Чичо, дел од м.в. Гладно Поле, како и сите села во Старо Нагоричане.
Утре во период од 08:30 до 14:30 часот прекини во снабдувањето ќе има во селото Четирце, градските гробишта, селото Биљановце, населбата Јане Сандански.
Прекини во истиот период ќе има и во селото Доброшане и Пелинце.
Никола Ивановски

