Без причина направила ДНК тест, а потоа животот ѝ се променил од корен (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Како што раскажува една жена на видеото што го објавила на ТикТок, таа случајно купила ДНК-тест и дошла до шокантното откритие дека човекот што го одгледала и кого го нарекувала татко, не е нејзин биолошки татко.

Loading...

„Пред неколку години, направив ДНК-тест без посебна причина. Неодамна добив повик од една девојка која ми рече дека мојата ДНК одговара на нејзината, па ме праша дали можам да и помогнам да ги најде своите биолошки родители.”

По понатамошно истражување, тие откриле дека тие всушност биле полусестри.

„Ја најдовме нејзината биолошка мајка и претпоставивме дека е бремена со мојот биолошки татко“, продолжи таа.

Сепак, работите станале уште покомплицирани кога приказната станала вирална на „ТикТок“, а на жената и пришло реално шоу и ја прашале дали сака да истражува малку подлабоко во целата работа.

„Мајка ми започна да паничи и конечно ми ја призна вистината“, рече таа.

Во продолжение на видеото, жената објаснува дека нејзиниот биолошки татко е всушност братучед на нејзиниот татко Џери, со кого нејзината мајка поминала една ноќ кога таа веќе била во брак.

За среќа, таа вели дека не е загрижена за ДНК резултатите и дека човекот што ја одгледал секогаш ќе биде нејзин татко.

Loading...

 

Leave a Reply