Беснее пожар во источна Шпанија, стотици луѓе евакуирани

Сподели со своите пријатели

Стотици луѓе се евакуирани денеска поради големиот шумски пожар во провинцијата Кастелон во источна Шпанија.

Loading...

Пожарот се прошири на околу 1.000 хектари земјиште откако избувна во четвртокот, соопштија властите во автономната заедница Валенсија, која го опфаќа Кастелон.

Службите за итни случаи во регионот објавија дека поради пожарот се евакуирани 600 лица во осум општини, вклучително и домот за стари лица во Монтана.

Од утрово четири хеликоптери и повеќе од 600 пожарникари и војници се ангажирани во гаснењето на пожарот, додека шпанската армија распореди дополнителна поддршка за што поскоро ставање на огнот под контрола.

Државната метеоролошка агенција АЕМЕТ на Твитер објави дека „неповолните временски услови, особено во однос на периодот од годината, придонесуваат за брзо ширење на пожарот“.

Температурите беа над 25 степени Целзиусови кога избувна пожарот, а релативната влажност падна под 30 проценти по невообичаено сувата зима во областа.

Ризикот од нови пожари во Кастелон денеска е класифициран како „екстремен“, наведува АП.

 

Loading...