Белград плива во вода по денешното големо невреме (видео)

Сподели со своите пријатели

Невреме проследено со пороен дожд и силен ветер, доцна попладнево го погоди Белград, предизвикувајќи дефекти во електричната мрежа и застој во сообраќајот, јави српскиот портал Блиц.

Loading...

Поради невремето големи делови на српскиот главен град останаа без струја, а десетици илјади луѓе останаа заглавени во своите возила во време на попладневниот сообраќаен метеж околу 18 часот, кога невремето го достигна својот максимум.

Неколку клучни крстосници во градот беа поплавени, а надојдените води носеа автомобили и контејнери за смет. Силниот ветар откорна и повеќе дрва.Обилните дождови предизвикаа голем потоп и колапс во сообраќајот во населбата Автокоманда, а создаде и колона на возила од Храмот Свети Сава во правец кон Вождовец.

Засега нема информации за повредени при невремето, но полицијата издаде предупредување до граѓаните да останат во своите домови и да не се движат со автомобили.