Бектеши: Доколку има раст, ќе ја прошириме листата на производи со замрзнати цени

Сподели со своите пријатели

Доколку податоците од Државниот завод за статистика покажат дека има зголемување на цените на другите производи, ние ќе ја прошириме листата на замрзнати цени кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето гостување на Топ Тема на Телма телевизија.

Loading...

Министерот информираше дека Одлуката за замрзнување на цените која што беше донесена на последната седница на Владата веќе е објавена во Службен весник и стапи на сила.

“Од утре инспекторите на Државниот пазарен инспекторат ќе почнат да прават контроли за цените во маркетите. Чекаме во текот на оваа недела дополнителни информации од страна на Државниот завод за статистика и за други производи, во делот на зголемувањето за месец ноември. Ако покажат податоците, а граѓаните го чувствуваат тоа, ќе ја прошириме листата. Со тоа најверојатно ќе бидат опфатени и јајцата, оризот, но и макароните и тестенините. Одлуката ќе биде донесена најдоцна на следната седница на Владата. Ако ги имаме податоците во среда и четврток, Владата може да свика седница и пред тоа, кажа министерот Бектеши во емисијата „Топ тема“.

На прашањето дали Владата ќе им помогне финансиски на компаниите кои произедуваат прехранбени производи и кои се опфатени со одлуката за замрзнување на основните прејхранбени производи, министерот потенцираше дека Владата во изминатите неколку годинид аде значителна динансиска поддршка за бизнисот.

„Во последните 3-4 години стопанството е најмногу поддржано во последните повеќе од 10 години. Во последните години се одвојуваат по 15 милиони евра годишно и досега над 500 компании добиле финансиска поддршка за отварање на нови работни места, за воведување на нови производи, за нови производствени погони„ кажа министерот Бектеши и потенцираше дека кога станува збор за цените на репроматеријалите кои ги увезуваат компаниите до крајот на годината треба да биде усвоен од Владата Царинскиот тарифник каде што најголем дел од цатинските тарифи се намалуваат на 0% или ќе бидат на исто ниво како на Европската унија, што значи помали трошоци за компаниите.

Министерот кажа дека во исто време расте и минималната плата, која од 9.000 денари во 2017 година сега е над 15.000 денари.

„Минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари, после Нова година. Платите не стојат. Во 2016 година просечната беше 22.000-23.000 денари, а сега е 28.820 денари и ќе се зголемува во континуитет. Зголемување на платите имаме и во образованието, здравството, приватниот сектор. Само мининалната плата е зголемена за 100% за четири години, колку што не е направено со години наназад, кажа министерот и потенцираше дека стандардот на граѓаните расте.

Во однос на цената на струјата министерот кажа не се очекуваат ценовни шокови, а одлуката секако се очекува да биде во интерес на домаќинствата и малите потрошувачи.

Loading...

„ ДДВ на струја нема да се зголеми, ги ставивме во функција сите капацитети за производство на електрична енергија во државата. РЕК Битола работи со два блока, ТЕЦ Осломеј е ставен целосно во функција, се подобруваат акомулациите, за десетина дена ќе биде во функција ТЕЦ Неготино, денеска е веќе набавен мазут, засилено се градат фотонапонски централи и од страна на државата и од страна на приватни инвеститори“ кажа министерот Бектеши во своето гостување на Топ Тема на Телма.