Бегалците од Авганистан наидоа на спуштена рампа во Македонија

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи во текот на изминатото деноноќие, во ПТЦ Гевгелија издаде вкупно 773 потврди на странски државјани за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Според државјанството, потврди се издадени на 611 државјани на Сирија, потоа на 160 државјани на Ирак и на двајца  државјани на Авганистан.

Во текот на изминатото деноноќие, до Секторот за азил барањ еза признавање на право на азил поднеле 21 лицe (14 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 21.02.2016 година, до Секторот за азил поднесени се шест барањаза признавање на право на азил на 11 државјани од Сирија, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.