Бебе паднало во бунар длабок 15 метри: Спасено по 18-часовна операција

Сподели со своите пријатели

19-месечно бебе кое падна во бунар длабок 15 метри во Тајланд е спасено по 18-часовна спасувачка операција.

Loading...

Бебето паднало во бунар на фарма со маниока во северниот дел на Тајланд, јавува Би-Би-Си.

Спасувачите биле пресреќни кога 19-месечната ќерка на работник од Мјанмар била извлечена од бунарот и пренесена на носилки во амбулантно возило.

Бебето паднало во бунарот во понеделникот доцна попладне додека нејзините родители работеле во плантажата со маниока.

Во бунарот била спуштена камера за да се провери положбата на детето, а потоа цевка низ која се пумпа кислород.

Со помош на неколку ровокопачи и други направи, спасувачите во текот на ноќта ископале паралелен канал широк околу 30 сантиметри, преку кој стигнале до бебето и го извлекле на површината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обновливите извори сочинуваат над 30% од производството на електрична енергија во светот

Медиумите јавуваат дека по успешната операција пожарникарите плачеле од среќа.