Балон на ожалостена ќерка патувал од Англија до Полска

Сподели со своите пријатели

Никола Булер пуштилa балон со хелиум во воздухот над Бирмигем, Велика Британија, за да ја одбележи годишнината од смртта на нејзиниот татко, а балонот, сосема неочекувано, отпатувал дури 1.700 километри.

Loading...

Тој летал над морето и копното и стигнал до Полска, каде што еден земјоделец Радослав Гац го пронашол во селото Тросков, на североистокот на земјата, во близина на неговиот дом, пренесува АП.

„Понекогаш гледам на небото и’ разговарам ’со татко ми. Затоа, мислев дека балонот ќе лета и кон него. Татко ми не патуваше многу, и овој балон, кој отиде далеку, ќе му значеше многу. Тој се смееше на ова, сигурно “, вели Никола Булер.

На 2 септември Булер и нејзиниот сопруг пуштиле во воздухот неколку помали, хелиумски балони со еден специјален балон во форма на соѕвездие, на кој пишувало: „Засекогаш замина, но никогаш заборавен тато/ Дерек, 26 април 1950 година – 2 септември 2018 година “.

Од другата страна на балонот, таа исто така оставила порака со нејзиниот телефонски број: „Ве молам, пишете ми до каде стигнало патувањето на татко ми. Никола“.

„Се чувствував малку тажно и малку среќно што ќерката се сеќава на нејзиниот татко и на годишнината од неговата смрт прави нешто вакво“, рекол Гач.

Никола рекла дека морала да го најде телефонскиот број од кој ја добила пораката на Гугл и заклучила дека Гац е навистина од Полска.

„Мислев дека некој се шегува со мене“, рекла Никола и додала дека не може да верува дека балонот може толку да лета.

Loading...

Leave a Reply