БАЛКАНЦИ ВО ГЕРМАНИЈА: Печеле јагниња среде парк, интервенирала и полицијата (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Необична глетка во недела ги пречекала посетителите на паркот Гридрихсхајн во Берлин, а морале да реагираат и полицијата и пожарникарите.

Имено, група мажи во градскиот парк весело печеле јагниња среде Берлин, а на импровизираните ражени се вртеле дури 12 јагниња.

 

Loading...

 

– Имаа и акумулатори, јагленот беше расфрлан во паркот, а кога ги прашавме што прават рекоа дека слават Велигден, како и секоја година, напишале берлинските полицајци на својата службена Фејсбук страница и потврдиле дека се работи за група мажи од Босна и Херцеговина.

Сепак, веселото друштво морало да ги размонтира импровизираните ражени, а добиле и строго предупредување од пожарникарите.

 

 

Полицијата не пријавила никакви инциденти и истакнала дека грил-мајсторите „покажале добра соработка“, но сеедно им биле земени податоците и напишан извештај до Канцеларијата за јавен ред во Фридрихсхајн-Кројцберг, дел од градот во кој се одвивала „забавата“.

 

Loading...

 

Бидејќи канцеларијата не работи во недела, друштвото од БиХ сега чека одлука дали ќе биде парично казнето.

Leave a Reply