БАКСУЗ: Крадец бегајќи остана да виси на ограда без панталони (фото)

Сподели со своите пријатели

Несреќно момче од Аризона, за кое се сомневаат дека е крадец, во петок бил фатен во крајно непријатна ситуација, како наопаку виси закачен за ограда која се обидел да ја прескокне, со се спуштени панталони.

Сведоци на настанот во градот Тусон за локалните медиуми изјавиле дека тој е вистински крадец и дека се обидел да краде во канцеларијата на основното училиште во раните утрински часови. Училиштетот поради распуст не работело, па крадецот се надевал дека ќе помине незабележан.

Меѓутоа, еден од чуварите го забележал момчето, кое започнало да бега преку ограда, кога дошло до најлошото сценарио – крадецот останал да виси на ограда, а полицијата многу лесно стингла на лице место и го привела.

Пролазник присуствувал на комичната сцена и го фотографирал разбојникот, па подоцна сликата ја објавил на социјалните мрежи.

 

Loading...