Бајден одлучи да објави документи за потеклото на коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави доцна синоќа дека потпишал закон со кој се дозволува декласификација на документите за потеклото на пандемијата на корона вирусот што првпат се појави во Кина.

Loading...

„Треба да дојдеме до потеклото на пандемијата на коронавирусот за подобро да ги спречиме идните пандемии. Мојата администрација ќе декласифицира и објави што е можно повеќе информации, истовремено почитувајќи ја националната безбедност“, рече Бајден.

Директорот на федералната полиција Кристофер Вреј неодамна изјави дека несреќа во лабораторија во Вухан, Кина е „голема веројатност“ да биде причина за пандемијата на коронавирус.

Научната заедница сè уште е поделена меѓу поддржувачите на хипотезата за пренесување на вирусот од животни и оние кои ја бранат тезата за „бегство на вирусот“ од лабораторијата во Вухан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД