Бајден: Ќе се обидам да соработувам со републиканците

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден, во своето прво јавно обраќање по меѓуизборите за Конгресот, гувернери и други позиции во сојузните држави, рече дека ќе се обиде да соработува со републиканците доколку ја преземат контролата врз Претставничкиот дом, но јасно стави до знаење дека за некои прашања не би бил компромис, пренесува CNN.

Loading...

Оваа американска медиумска мрежа сѐ уште не го проектирала победникот во изборната трка за долниот дом на американскиот Конгрес, но се чини дека републиканците ќе добијат тенко мнозинство во неа.

„Подготвен сум да работам со моите републикански колеги“, рече Бајден, додавајќи: „Американскиот народ, би рекол, јасно стави до знаење дека очекува републиканците да бидат подготвени да соработуваат со мене“.

Бајден изрази надеж дека соработката меѓу демократите и републиканците ќе продолжи во обезбедувањето помош за Украина, која беше нападната и делумно окупирана од Русија во февруари.

„Во областа на надворешната политика, се надевам дека ќе продолжиме со меѓупартиски пристап за спротивставување на руската агресија врз Украина“, рече Бајден.

Бајден, исто така, рече што сака да се случи: „Нема да поддржам ниту еден републикански предлог што ќе ја влоши инфлацијата“ и „нема да отстапам од историски важните обврски што штотуку ги презедовме за справување со климатската криза“.

Доколку освојат мнозинство во Претставничкиот дом, републиканците ќе имаат моќ да ги спроведат своите цели. Тие ќе имаат моќ да издаваат судски покани и да контролираат моќни комитети – и јасно ставија до знаење дека нивниот главен приоритет ќе биде истрагите за работата на администрацијата на Бајден.