Автомобил изгоре во Вера Которка, стрнише, лозје и трева во Табановце

Сподели со своите пријатели

Две интервенции во текот на изминатото деноноќие бележат кумановските пожарникари, од кои едната на запален автомобил, а втората на запалено стрниште, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во 14:40 часот вработените во Територијалната против пожарна единица Куманово примиле повик за интервенција на запалено моторно возило во населбата Вера Которка. Четворица пожарникари со едно противпожарно возило венднаш изглегле на терен и итервенирале до 15:30 часот.

Во атарот на селото Табановце кај местото викано Сланиште во 1′:50 започнало гаснење на опожарено стрниште и сува трева на површина од околу 10 хектари, како и опожарено лозје со површина од 0,3 хектари. Тројцата пожарникари огнот успеале да го ликвидираат дури во 20:40 часот.

Причината за избувнување на пожарите, како и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат, стои во извештајот на РЦУК.

 

Loading...