Автоделови запленети на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 19 парчиња автоделови (предни и задни бришачи, светилки, патосници, дисплеј и ветробрани), 1 велосипед tacx blu matic, 1 ланец за велосипед и 1 пар очила uvex sport, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на товарно комбе со македонски таблички, извршена на патниот правец Крива Паланка – Куманово, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Loading...

Производите, за кои возачот не поседувал документи за потекло и платени увозни давачки, биле пронајдени на и под совозачкото седиште на возилото. Истите биле привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Leave a Reply