Австралиец на трактор се обидел да украде хеликоптер и сега е во бегство (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Еден Австралиец сакал хеликоптер едно утро. Но, тој немал пари за хеликоптер. Сепак, тој имал свој верен трактор. Така се качил на трактор, се упатил до блискиот хангар каде што се „чувале“ хеликоптери и се обидел да украде примерок за себе, јавуваат австралиските медиуми.

Loading...

– Кога алармот се вклучил, човекот се откажал од планот и побегнал – соопштиле од полицијата и веднаш продолжиле:

– Го возел тракторот неколку минути, оштетени се неколку огради, а кога не можел да ги скрши побегнал. Полицијата трага по осомничениот и бара сите кои имаат какви било информации за него да се обратат до надлежните служби. Станува збор за белец, атлетска градба, кој при обидот за кражба носел бел шешир, црвена маица и бели шорцеви – се заклучува во соопштението.

Веста насмеа некои корисници на Интернет во Австралија, надевајќи се дека овој „гениј“ можеби ќе се обиде да украде подморница во следната акција со трактор.