Авион се урна над вулкан, загинаа сите патници

Сподели со своите пријатели

Авион се урна во вулкан на Филипините за време на викендот, при што загинаа сите патници.

Loading...

Телата на пилотот Рафин Џејмс Кризостом Јуниор, членот на екипажот Џоел Мартин и австралиските технички консултанти Сајмон Чиперфилд и Карти Сантанам се пронајдени на вулканот Маунт Мајон и тим работел на нивно пронаоѓање, објави Си-Ен-Ен.

Цесна 340 со шест седишта се движел кон главниот град Манила кога изгубил контакт со контролата на летање откако го напуштил меѓународниот аеродром Бикол во провинцијата Албај во саботата, соопшти управата за цивилно воздухопловство на Филипините (CAAP).