Астероид голем како највисоката зграда се приближува кон Земјата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Астероид голем колку и највисоката зграда во светот, ќе мине многу близу до Земјата овој викенд.

Loading...

Астероид 2000 KV7, се проценува дека е со големина од околу 290 до 650 метри, што е со големина на Бурџ Калифа од Дубаи.

Според Центарот за проучување на објекти во НАСА, астероидот ќе помине покрај нашата планета на 14 септември.

За среќа, астероидот ќе биде оддалечен околу 3,3 милиони милји од Земјата додека поминува, иако НАСА сепак ја класифицира како „блиска“ средба.

Ова нема да биде прв пат 2000 KV7 да ја помине нашата планета – астероидот претходно го сторил тоа на 1 септември 2000 година. 

По близок пристап во саботата, НАСА предвидува дека астероидот следен пат ќе ја помине нашата планета на 19 октомври 2038 година.

Иако е малку веројатно дека овој астероид ќе ја погоди Земјата, шефот на НАСА, Џим Бриденштајн предупреди дека треба да се направи повеќе за да се заштити Земјата од опасните астероиди во блиска иднина.

Претходно оваа недела, Европската вселенска агенција (ЕСА) процени дека 878 астероиди во моментов се наоѓаат на списокот „ризични“ за Земјата.

Loading...

Вселенската агенција објасни: „Овој каталог на ЕСА ги има сите астероиди за кои знаеме дека имаат некои шанси да паднат на Земјата во следните 100 години – што значи дека, иако е малку веројатно, влијанието не може да се исклучи“.

 Загрижувачки е што влијанието на дури и мал астероид може да предизвика „сериозно уништување“, додаваат од ЕСА.

Leave a Reply