АПМ остро реагира поради доцнењето во спроведувањето на Договорот од Пржино

Сподели со своите пријатели

Алијансата за позитивна Македонија остро реагира на опструкциите што постојано се подметнуваат за реализацијата на Договорот од Пржино, се вели во партиското соопштение објавено на социјалните мрежи.

Loading...

Според АПМ, се доцни со спроведувањето на сите активности што се предвидени со Договорот од Пржино, т.е нема никаков прогрес во регулирањето на медиумската сфера, односно се доцни со формирањето на новиот состав на ДИК.

Се доцни и со почетокот на работата на Собраниската анкетна комисија, а најзагрижувачки е блокирањето на работата на Специјалниот јавен обвинител. АПМ смета дека овозможувањето на непреченото функционирање на Специјалното јавно обвинителство е најголемиот тест за искрените намери на потписниците на Договорот од Пржино. АПМ е за целосна имплементација на Договорот од Пржино, за да можи да има позитивна атмосфера и услови за фер и демократски предвремени парламентарни избори на 24 Април 2016 година. АПМ стравува дека со ваквата опструкција на реализацијата на Договорот од Пржино и непочитувањето на роковите, се пократко е времето за имплементација на договоренот.

На тој начин, се пократко е времето за овозможување на услови за фер и демократски избори, што е предуслов за задржување на Република Македонија на евро-атланската интеграција, се вели во пратиското соопштение на Алијансата за позитивна Македонија.