Аналитичар: За Путин ова е почеток на Tрета светска војна

Сподели со своите пријатели

Британскиот аналитичар за одбрана и безбедност Мајкл Кларк во интервју за Sky News го коментираше денешниот говор на Владимир Путин за состојбата на нацијата, кој траеше речиси два часа.

Loading...

Во него Путин ги обвини Западот и Киев дека ја започнале војната (која ја иницираше самиот Путин), а на крајот од говорот најави суспензија на учеството на Русија во договорот за контрола на нуклеарното вооружување.

Кларк наведува дека рускиот претседател „одеше до крај“ во својот говор, додавајќи дека „не оставил ни трошка простор за дипломатија“.

Тој наведува дека 70-годишниот руски лидер смета дека војната во Украина е „дел од војната што Западот ја води против Русија за да ја уништи“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски не сака преговори со Русија: „Сè уште не сме подготвени“

„Тие жртви може да се оправдаат само ако војната е за нешто поголемо од Украина“

„Путин рече дека Русија се обидела да преговара, но Западот секогаш имал своја тајна агенда“, рече Кларк и додаде:

„За него ова е почеток на Трета светска војна“.

Тој објасни дека руската инвазија на Украина не оди онака како што ја замислил Путин, поради што рускиот народ сега мора да трпи поголеми жртви од очекуваното.

„Тие жртви може да се оправдаат само ако оваа војна е за нешто поголемо од Украина и затоа стана војна за опстанок. простор за каква дискусија“, рече тој.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.