Аналена Бербок пристигна во ненадејна посета на Киев

Сподели со своите пријатели

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок утрово пристигна во посета на Киев, што е нејзина четврта посета на Украина.

Loading...

Нејзината посета не беше најавена поради безбедносни причини, објави Жидојче цајтунг.

Се наведува дека ќе разговараат за подготовките за претстојната зима со украинските власти, со украинските деца кои наводно биле насилно депортирани во Русија, како и за изгледите на Украина да стане членка на ЕУ.

„Секој ден нов ужас, секој ден ново страдање и смрт. Ова е безмилосна реалност на луѓето во Украина секој ден“, рече Бербок по пристигнувањето.

Бербок претходно го посети Харков во источна Украина во јануари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

Германскиот весник наведува дека Бербок при посетата на Киев ќе каже дека Германија долгорочно сигурно ќе застане на страна на Украина и дека ќе ја поддржи политички, економски и воено.

Бербок рече дека Украина може да се потпре на фактот дека Германија го смета проширувањето на ЕУ за неопходна геополитичка последица од руската инвазија и дека Берлин решително ќе му помогне на Киев на патот кон ЕУ.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...