Американски водител тврди дека 10 години не ги измил рацете, а еве и зошто (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Водителот на американскиот ТВ канал „Фокс Њуз“ Пит Хегсет во живо на телевизија рече дека 10 години не ги измил рацете затоа што „микробите не постојат“.

Loading...

Дипломецот на Харвард и Принстон дополнително ги шокирал присутните во студиото и гледачите кога го појаснил својот став со констатација дека микроорганизмите ги нема затоа што не се гледаат со голо око.

Признанието следувало откако колегит его измевале кога рекол дека јаде бајата пица.

– Мојата новогодушна одлука е да зборувам исто и кога сум пред камери и кога не сум, додава Хегсет.

Следуваше реакција и на социјалните мрежи па и такви кои не се позитивни. Останува прашањето колку тие коментари, како и признанието на водителот се навистина искрени.

Ова на водителот не му е единствен гаф во настапите во живо. Во 2015 година случајно погоди со секира тапанар на воен орекстар кога ја промашил метата при обидот да направи (успешно?) возбудливо вклучување во програмата. За среќа никој не страдал.

Leave a Reply