Америка на францускиот пат, мора да ја повлече војската од Нигер

Сподели со своите пријатели

Најважниот партнер на Вашингтон во северозападна Африка се свртува кон Русија, а главниот американски командант на африканскиот континент предупредува дека Русите се обидуваат да ја „преземат контролата“ врз целиот Сахел.

Loading...

Русија ги поткопува односите меѓу САД и нивниот западноафрикански сојузник Нигер, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на официјални претставници.

Нигер, кој речиси една деценија служеше како важна сцена за антитерористичките операции на САД во регионот, во саботата објави дека става крај на договорот што му дозволуваше на американскиот воен и цивилен персонал да дејствува во земјата од 2014 година.

Најавата дојде неколку дена по напнатата средба меѓу воената хунта на Нигер, која ја презеде власта со државен удар во јули 2023 година, и американските дипломатски и воени претставници, вклучително и генералот Мајкл Ленгли, шеф на американската команда во Африка.

На оваа средба, американската делегација изрази загриженост за руското воено засилување во Нигер, а особено за иднината на воздухопловната база 101 во главниот град на Нигер и дали таа ќе им биде предадена на Русите.

Дебатата ги налути властите на Нигер, кои сметаа дека им се предава лекцијата иако САД ја прекинаа поголемиот дел од својата воена и странска помош за земјата кон крајот на минатата година.

Во меѓувреме, постои загриженост меѓу американските воени претставници дека Русија, со своето зголемено присуство во Нигер, воспостави уште едно упориште во Сахел, бидејќи Западот го губи своето влијание во регионот.