Земјотрес со магнитуда од 5,7 степени ја погоди западна Јапонија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со прелиминарна магнитуда од 5,7 степени го погоди западниот дел на Јапонија, објави Јапонската метеоролошка агенција.

Тресењето на земјата се случило на длабочина од 70 километри, објави агенцијата Кјодо.

Земјотресот регистрирал интензитет од 4 степени според јапонската скала од 7 во префектурите Мие, Нара и Вакајама.

Досега нема извештаи за поголеми штети или повредени, а не е издадено ни предупредување за цунами.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шумски пожари беснеат во Холандија со денови: Зафатени и воени полигони, ЕУ испраќа помош