Албанец приведен на патот Ранковце – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

На 09.02.2019 година во 11,50 часот во с.Ранковце-Крива Паланка, од страна на полицисни службеници бил затекнат, а потоа и приведен во Полициското одделение Ранковце, А.М.(52) од Корча – Р.Албанија поради сторен прекршок по чл.9 ст.1 од Законот за гранична контрола, односно илегален влез во Република Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Во 12,30 часот лицето е предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Leave a Reply