Актерот Алек Болдвин уби директор на фотографија и рани режисер на снимање на филм (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Актерот Алек Болдвин случајно убил жена од филмската екипа, а ги ранил режисерот и сценарист на новиот филм „Rust“.

Loading...

Според Гардијан, актерот со реквизит пиштол го убил директорот на фотографија и го ранил режисерот Џоел Соуз, ги пренесува Гардијан зборовите на властите во Ново Мексико.

„Шерифот потврдува дека две лица биле застрелани на сетот на Руст. Директорката на фотографија, Хајлин Хачинс (42) и режисерот Џоел Соуза (48), биле застрелани кога пукал со пиштол што го користел актерот и продуцент Алек Болдвин (68)”, се вели во извештајот.

„Госпоѓа Хачинс со хеликоптер беше пренесена во болница каде беше прогласена за мртва. Соуза е во болница на лекување“.

Не се соопштува колку се сериозни повредите на Соуза.

Се наведува дека истрагата е отворена и активна, а во врска со овој инцидент не се преземени никакви правни дејствија.

Од канцеларијата на шерифот за Гардијан изјавиле дека Болдвин доброволно разговарал со истражителите и си заминал по разговорот.

Претставниците на медиумите на Алек Болдвин изјавија дека до инцидентот дошло откако актерот пукал од пиштол со лажна муниција, без да наведат детали.

Loading...