Ако шајка ви се заглави во гумата – воопшто не отстранувајте ја! Еве како да го решите проблемот…

Сподели со своите пријатели

Постојат случаи во кои избушената гума може да се санира, па на возачите им се препорачува веднаш да го посетат вулканизаторот кој ќе процени дали има можност да се поправи.

Loading...

Гуми со добра длабочина на шарата, но исто така и оние без неа, честопати можат да соберат камења и други мали елементи што може да се најдат на патот.

Шајката или завртката може да предизвика оштетување и да ја направи гумата неупотреблива. Постојат случаи во кои таквата гума може да се санира, односно да се закрпи, по значително пониска цена отколку што подразбира купување на нова гума.

 

 

Затоа експертите на германскиот автомобилски клуб АДАК им препорачуваат на возачите кои ќе најдат завртка или шајка во гумата на својот автомобил, да не ја вадат, туку да ја остават во гумата. На тој начин, дупката направена од тој остар предмет ќе остане затворена, со што се избегнува појава на големи оштетувања при неговото отстранување, како и надувување на гумата.

Затоа, на возачите им се препорачува веднаш да посетат вулканизатор, кој ќе процени дали оштетената или дупната гума може да се закрпи.

Loading...

 

 

Ако шајката или завртката предизвикале големи оштетувања на внатрешноста на гумата, оштетување на страничниот ѕид на гумата, како и пукнатини или дупки на шарите подебели од 5 милиметри, многу е веројатно дека не е можно поправка на гумите .

Од ADAC известуваат дека ризикот од поправка на оштетените гуми на овој начин е поголем кај гумите наменети за поголеми брзини, односно за оние со индекс V (до 240 km / h), W (до 270 km / h) и Y (до 300 км на час).

Leave a Reply