Ако сакате живот во странство бирајте внимателно: Овие градови се најинтересни, но и моментално најскапи

Сподели со своите пријатели

Порталот Gulf News ги објави резултатите од студијата која ги испитуваше трошоците за живот во различни градови низ светот во 2021 година.

Loading...

Цената на недвижниот имот, превозот, храната, облеката и забавата во 209 градови била земена предвид, а потоа била направена листа на топ 10 најскапи.

  1. Ашхабад

Главниот град на Туркменистан го зазеде првото место, а причината за ова е високата стапка на инфлација што се случи неодамна. Најмногу пораснаа цените на храната, потоа услугите.

 

 

  1. Хонг Конг

Високите цени за домување го поставија овој кинески град на второто место на листата. Иако цените на кириите и купувањето недвижности минатата година благо опаднаа, овој град и понатаму е еден од најскапите за живеење.

 

Loading...

 

  1. Бејрут

Главниот град на Либан се најде во економска депресија поради пандемијата и големата експлозија што се случи минатата година во главното пристаниште. Многу луѓе размислуваат да се преселат во помалите околни градови бидејќи Бејрут едноставно стана прескап за живеење.

 

 

  1. Токио

Со години овој град е скап за живеење. Цените на храната, јавниот превоз и становите се нереално високи, па затоа на многумина им е интересно само за туристите.

 

Loading...

 

  1. Цирих

Високата цена на стоките и услугите го стави овој швајцарски град на петтото место на листата.

 

 

  1. Шангај

Финансискиот главен град на Кина стана скап за живеење по брзиот развој на електронската трговија и фармацевтските компании како резултат на пандемијата.

 

Loading...

 

  1. Сингапур

Имаше флуктуација на девизниот курс во однос на американскиот долар, а пандемијата го промени и начинот на живеење, па Сингапур стана многу скап за секојдневниот живот.

 

 

Loading...
  1. Женева

Многу високата цена на храната и сместувањето не ја тргна Женева од оваа листа со години.

 

 

  1. Пекинг

Поради силната кинеска валута и зголемените цени на недвижностите овој град е добра туристичка дестинација, но не и за живеење.

Loading...

 

 

  1. Берн

Заедно со Цирих, овој град во Швајцарија е многу скап за живеење.

 

Loading...