Ако планетата се загрее за два степени, следуваат невидени поплави, суша и глад

Сподели со своите пријатели

На самитот за глобални климатски промени во Глазгов, светските лидери постојано нагласуваа дека глобалното затоплување мора да се ограничи на 1,5 степени Целзиусови.

Loading...

Научниците велат дека преминувањето токму на таа граница би имало големи последици за луѓето, флората и фауната и екосистемите.

Што би се случило доколку планетата се загрее за два степени?

Во споредба со прединдустрискиот период, Земјата се загреала за околу 1,1 степен, а секоја од последните четири децении била потопла од која било деценија пред 1850 година.

„Никогаш не се случило да имаме такво глобално затоплување за само неколку децении“, вели климатологот Даниела Јакоб од Германскиот климатски центар.

 

 

Loading...

Разликата од половина степен значи дека, забележува овој научник, екстремните временски услови ќе бидат многу почести, поинтензивни и ќе траат подолго.

Само оваа година поројните поплави однесоа стотици животи во Кина и Западна Европа. Стотици луѓе загинаа и кога беа забележани рекордно високи температури во регионот северозападно од Пацификот.

Гренланд се топи, пожарите го опустошија Медитеранот и Сибир, а невидена суша погоди делови од Бразил.

„Климатските промени веќе го зафатија секој населен регион на планетата“, вели научникот Рејчел Ворен од Универзитетот во Источна Англија.

Затоплувањето над 1,5 степени би ја влошило сегашната ситуација така што, на пример, топлотните бранови ќе бидат почести и посилни: екстремната жештина што се јавува еднаш во деценија во клима која не е засегната од влијанието на човекот би се јавувала 4,1 пати во деценијакога затоплувањето е 1,5 степени и 5,6 пати кога затоплувањето е 2 степени, истакнува панелот на Обединетите нации за климатски науки.

Ако температурата се зголеми за 4 степени, таква топлина би се појавила 9,4 пати во една деценија.

 

Loading...

 

Овие 0,5 степени се исто така значајни поради океанот и регионот под мразот.

„Ако останеме на 1,5 степени, има добри шанси да го спречиме колапсот на Гренланд и Западен Антарктик“, вели научникот Мајкл Ман од Универзитетот во Пенсилванија.

Ова би помогнало да се ограничи зголемувањето на нивото на морето на неколку метри до крајот на овој век – што останува голема промена и ќе го промени изгледот на некои брегови и ќе поплави некои острови и крајбрежни градови.

Меѓутоа, ако температурата се зголеми за повеќе од два степени, нивото на морето ќе се зголеми за 10 метри (30 стапки) – иако сè уште не е познато колку брзо тоа би се случило.

Со пораст на температурата до 1,5 степени би останале без 70 отсто корални гребени, но со 2 степени би се изгубиле дури 99 отсто. На овој начин, рибите би останале без живеалиште, како и другите видови кои се потпираат на храна и гребени на живеалиштата.

Сајмон Луис од Универзитетот во Лондон вели дека зголемувањето за 2 наместо помалку од 1,5 степени би довело до откажување на културите во неколку региони во светот истовремено, што последователно би довело до висок раст на цените на храната и глад низ целиот свет.

 

Loading...

 

За жал, потопла клима може да го зголеми бројот на комарци кои пренесуваат болести, како маларија или денга треска.

Затоплување од 2,7 степени би донело таква топлина што во некои делови на Земјата повеќе не би можело да се живее.

Биолошката разновидност би била значително осиромашена, производството на храна ќе биде нарушено.

„Ако успееме да продолжиме да се загреваме на помалку од 3 Целзиусови степени, веројатно би опстанале како цивилизација, но со 2,7 степени животот би ни бил многу потежок“, вели Ман.

Loading...