Абас упрати повик за признавање на Палестина во Советот на безбедноста

Сподели со своите пријатели

Палестинскиот претседател Махмуд Абас го повика Советот за безбедност при Обединетите нации да се одржи Меѓународна конференција чиј резултат би бил признавање на државата Палестина во границите пред војната од 1967. година,.

– Повикуваме на одржување меѓународна мировна конференција до средината на 2018. година заснована на меѓународното право и релевантните резолуции на ОН, рекол Абас на состанокот на Советот на безбедноста за Блискиот исток.

Тој исто така ги повикал членките кои не ја признале државата Палестина тоа да го направат, потсетувајќи дека ја признаваат 138 од 193 земји членки на светското тело.

Абас оценува дека признавањето на палестинската држава ги зајакнало изгледите з ауспех во мировните преговори. Тој рекол дека Палестинската управа продолжува да тежнее ккон признавање од преостанатите држави во светот.

Администрацијата на САД според оценката на палестинскиот лидер донела незаконска одлука која ја отфрла меѓународната заедница, кога одлучила да го признае Ерусалим како главен град на Израел и дека така го симнале Ерусалим од дневниот ред во однос на можните идни преговори. Абас рекол дека единствен начин за решавање на конфликтот е основање мултилатерален меѓународен механизам.

Leave a Reply