Потврдена една од најстарите теории на серијата Симпсонови (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Симпсонови важат за една од најпопуларните серии во светот, а фановите често имаат бројни теории што се однесува на гостувањето на одредени ѕвезди.

Мет Гроединг потврдил една од најстарите теории на фановите, а тоа е дека Мајкл Џексон гостувал во серијата.

Станува збор за епизода од третата сезона (1991. година) во која пациент на психијатријата на Барт му се претставува како Мајкл Џексон.

Го стопирала полицијата па тој извадил возачка од Хомер Симпсон (ФОТО)

Loading...

– Вистина е, со твојот татко сум во психијартиска болница, му одговара ликот кој нималку не личи на кралот на поп музиката, но се испоставува дека тоа е негов глас.

Фановите ги збунило тоа што на крајот на епизодата Џексон не бил потпишан, туку заслугите се доделени на Џон Џеј Смит. По години шпекулирање Мет Гроенинг во едно интервју за австралиска телевизија ставил крај на приказната и ја потврдил теоријата на фановите.

Исто така открива дека Мајкл Џексон лично го повикал, но тој не поверувал па му ја спуштил слушалката.

Потоа повторно му се јавил и му рекол дека му се допаѓа Барт и дека сака да биде во серијата.

Куќата на „Симпсонови“ навистина постои (фото)

– Го изработи шоуто, но не сакаше да го потпишеме, беше нешто во договор со неговата дискографска куќа или слично, се присетува Гроенинг.

Кога во серијата неговиот лик пее, тоа го правел неговиот двојник, но Џексон цело време бил покрај него и му се насмевнувал.

https://youtu.be/6t70Gf4Fcao

Погледнете го видеото:

https://youtu.be/8AZWitgdMJ0

Leave a Reply