Многубројни видови животни се загрозени и ставени под заштита па не смее да се земаат за домашни миленици без проверка дали е дозволено.
Еве неколку видови за кои смеете да водите грижа.
Еж
Можеби некогаш сте посакале да негувате еж. Се храни со инсекти, а особено сака скачки.
Во другите држави храна за ежеви се продава во дуќани за домашни миленици. Се препорачува кафезот да биде помал од 70 сантиметри во дожина, а до 40 сантиметри во височина.
Минијатурно прасе
Миленикот на Џорџ Клуни и многу Англичани и Американци. Како младенчиња големи се само шест сантиметри, а подоцна до 40.
Послушни се и друштвени и можат да научат да вршат нужда во сад. Јадат се и не мора да ги водите во прошетка.
Loading...
Џуџест зајак
Тие се држани како миленици уште во времето на Римјаните. Сакаат да се галат и треба да ги држите во прегратка.
За нив се препорачуваат кафези од 120х60 и да се хранат со зеленчук и сено. Добро поднесуваат студ, но не смеат на промаја.
Пругаста верверичка
Потребен им е голем кафез, најмалку 50х50 и да имаат дрво за качување. Не се пробирливи во исхраната, а најмноги сакаат ореви, лешници, сончоглед и пијат многу вода.