ВМРО-ДПМНЕ Куманово: Изборниот штаб на СДСМ претворен во магацин за ланч бар

Сподели со своите пријатели

Деловниот простор кој се наоѓа во зградата на поранешниот Комитет, а кој на последните локални избори беше користен како штаб за градоначалникот Максим Димитриевски, е претворен во магацин за потребите на ланч бар во градот, реагираат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Како што посочи портпаролот Милан Давидовиќ просториите се уште се брендиради со партиски материјал па затоа го прашуваат градоначалникот Димитриевски дали има узурпација на просторот, а првиот човек на СДСМ Куманово, Мартин Костовски на кој начин воопшто го добиле просторот.

– Дали градоначалникот Максим Димитриевски најавата за ставање во ред во работата на локалите во градот ја практицира со давање дозвола за узурпација на општински имот на ланч бар, во кој како еден од сопствениците фигурира негов близок роднина? Го прашуваме претседателот на Општинската организација на СДСМ во Куманово, Мартин Костовски на кој начин просторот во зградата на поранешниот Комитет беше доделена за партиски штаб, рече Давидовиќ.

Доколку просториите се сопственост на СДСМ Куманово, Давидовиќ побара договорот за изнајмување на истиот да и биде покажан на јавноста.

– Доколку просториите, на којзнае каков начин се во сопственост на СДСМ, го прашуваме претседателот на Општинската организација на СДСМ во Куманово, Мартин Костовски дали партијата има склучено договор за наем на деловниот простор со сопствениците на ланч барот ? Доколку таков договор постои, уредно архивски зеведен и со сите платени давачки кој државата, бараме да се достави на увид на јавноста, заради транспарентност на овој случај, рече Давидовиќ.

Граѓаните на Куманово, потенцира Давидовиќ, имаат право да добијат одговор на овие прашања, особено ако се земат во предвид заложбите на градоначалникот Максим Димитриевски за време на изборната кампања, во која помеѓу останатото вети и ставање ред во работењето на угостителските објекти.

фото: архива

Loading...

Leave a Reply