Тревис Џепесен во летото 2016. година стана првиот Американец кој можел да студира во Северна Кореја. За време на својот престој во таа земја видел многу сцени кои, благо кажано, го оставиле во чудо, а своите доживувања ги опишал во книга која ја напишал по доаѓањето.
Во зоолошката градина во Пјонгјанг видел „обични“ доамшни кучиња и мачки во кафези, изложени како да се егзотични животни. Но, она што најмногу го изненадило во таквата ситуација е што навистина привлекувало посетители.
Loading...
Пред вратата бил сведок на сцена во која двајца полицајци насилно водат старица која пред влезот продавала слатки и сладолед.
– Суптилно се обидев да видам зошто ја водат, но не успеав. Мислам дека старицата не заврши добро, пишува Тревис во својата нова книга „See You Again in Pyongyang: A Journey Into Kim Jong Un’s North Korea“, која штотуку се појави во американските книражници.
Шокантни снимки од мачење протекоа од затвор во Северна Кореја (видео)
Џепесен во Северна Кореја учел корејски јазик, а пред да биде примен на едномесечни студии, во таа земја бил три пати. За време на својот престој живеел во еден хотел во Пјонгјанг, а со него на предавањата имало уште двајца странци – Австралијанец и Французин кои исто така живееле во истиот хотел и на истиот 28. кат.
СЕКОЈ СТРАНЕЦ ИМА ПРИДРУЖБА
На сите странци, па така и ним, им биле доделени придружници, двајца луѓе кои морале да ги надгледуваат странците во секој момент кој го минуваат во јавноста. Тревис го чувала 26-годишна девојка Мин и нешто постариот Ро, кому Мин му била надредена.
ПОЗДРАВ ЗА ЛИДЕРОТ ВО 5 НАУТРО
Првото утро во Северна Кореја го изненадил необичен звук во пет часот наутро кој го разбудил. Истото се случило и следното утро, а набргу дозна дека се работи за интрументална верзија на песна со која Корејците го поздравуваат својот лидер и која секое утро го буди целиот град.
Стотици робови од Северна Кореја ги градат руските стадиони за Светското првенство
– Многу е страшно и бизарно. Те потсетува дека лидерот е секаде, во секој момент. Како во филмот на Дејвид Линч, опишал студентот.
ЧЕСТО НЕМА СТРУЈА
Тврди дека во Северна Кореја често воопшто нема струја, па неговиот факултет обично функционирал без неа.
– Ходниците се темни, во ВЦ нема некои инсталации. Се изгледа како во земја од Трет свет, вели тој.
Му било проблематично и тоа што со секое сместување пристигнува и „домашен шпиун“. Како што опишува Тревис, се работи за средовечни жени чија задача е да знаат се за станарите на зградата или куќата во која што живеат.
Ким Џонг Ун троши милиони за долна облека за тинејџерки и девици!
– Таа следи кој влегува и кој излегува од зградата. Знае се од најситниот детал па дури и колку лажици и вилушки поседува нејзиното домаќинство. Тоа е онаа соседка која го става носот во туѓите работи, само што тука има службена титула, вели тој.
Сепак, додава дека некои од нив повремено попуштаат со строгоста па собите ги изнајмуваат, на пример, за тајни љубовни средби за да заработат малку повеќе.
Loading...
Иако на фотографитие од земјата сите скоро еднакво се облечени, Тревис тврди дека постои одредена слобода во облекувањето. Вели дека мажите носат маици во разни бои, додека жените обично се во здолништа, а на некои им се дозволени и фармерки.
Домашните миленици, сепак, не се нешто вообичаено во оваа земја.
– Тоа не е дел од нивната култура. Тие отсекогаш биле многу сиромашни и тешко ги прехрануваат своите домаќинства, па животно во домот кое дополнително би требало да го хранат за нив е како луксуз, вели Тревис.
Девојка која избегала од Северна Кореја сведочи за погубувања и сексуалните робинки на Ким Џонг Ун
НАБАВУВААТ ПИРАТСКИ СОДРЖИНИ
На ТВ најчесто можат да видат соопштенија од Ким Џонг Ун, но Тревис вели дек Корејците често успеваат да набават пиратски медиски содржини од други земји. Тој тврди дека за случувањата во светот знаат повеќе од што се мисли.
ЧУВСТВОТО ДЕКА НЕКОЈ МЕ НАБЉУДУВА
Признава дека престојот во таа земја за него бил многу стресен. Постојано имал чувство дека некој го набљудува.
– Психолошки е многу стресно и тешко. Започнуват да ги чувствуваш сите тие чудни последици. Во моменти кога конечно би бил сам, се чувствував страшно затоа што бев навикнат некој да ме набљудува. А дури и кога не бе надгледуваа „чуварите“ сите гледаа во мене затоа што сум белец, а тие не го гледаат често тоа, додава американскиот студент.
Најлошиот дел бил што не можел да комуницира со своето семејство.
НЕ САКАВ КАРТИЧКА ЗА ИНТЕРНЕТ
– Ми нудеа картична за странци со која би можел да се поврзам на интернет, но тоа го одбив затоа што не сакав да ме шпионираат низ мејловите, пишува тој.
Сепак, иако многумина го предупредувале дека се изложува на огромна опасност (особено поради случајот на Ота Вормбир кој во Северна Кореја заврши во затвор каде на крајот почина), Тревис тврди дека тој никогаш не размислувал за тоа дека е во опасност.
– Не дозволив тоа медиско кревање на паника да ме исплаши. Бев таму и претходно и добро знаев до кои правила морам да се држам, објаснува тој.
Шокантни снимки од мачење протекоа од затвор во Северна Кореја (видео)
НЕ ГИ МРАЗАТ АМЕРИКАНЦИТЕ, ТУКУ НИВНАТА ВЛАДА
Вели и дека му приоѓале со коментарите дека не ги мразат Американците, туку американската влада и објаснува дека обично се чувствувал безбедно затоа што било очигледно дека е турист.
– Никој не сака да влезе во проблеми поради туристи. Развив некоја чудна приврзаност кон Северна Кореја иако знам дека тоа е ужасно место. Знам дека се менува секој ден и јас таа земја сакам уште подобро да ја разберам. А тоа можам единствено ако навистина сум таму, вели Тревис во својата книга.