Девојка која избегала од Северна Кореја сведочи за погубувања и сексуалните робинки на Ким Џонг Ун

Сподели со своите пријатели

Девојка која успеала да избега од Северна Кореја во исповед за британскиот „Мирор“ открива како за време на својот живот во таа ригорозна земја била присилена да гледа погубувања, но и како нејзините другарки од училиште станале сексуални робинки на Ким Џонг Ун.

Хи Јеон Лим (26) рекла дека Ким ноншалатно наредувал погубување на луѓе, вклучувајќи и членови на своето семејство. Лим вели дека го ризикувала животот со интервјуто, но дека тоа морала да го стори за да го разоткрие врховниот владетел.

Тврди дека повисоките одделение во училиштето во Пјонгјанг, во која и самата учела, биле принудени да гледаат погубувања, а подоцна Ким ги честел со обилни оброци.

Во една пилика гледале стрелање на 11музичари кои биле обвинети дека снимале порнографски филм.

– Ги зиведоа пред нас врзани, им ставија калучки на главите и превез на устата за да не можат да молат за милост. Ми се слоши од она што го видов тој ден. Ги решетаа со пушките додека не паднаа мртви. Телата им беа разнесени во парчиња, целосно уништени, а крв имаше насекаде. Тој ден околу 10.000 луѓе беа принудени да гледаат убиство, а јас стоев 60-ина метри од жртвата. Потоа, преку остатоцит еод нивните тела кои лежеа на подот, минаа тенкови, раскажува девојката.

Ќерката на полковникот тврди дека Ким Џонг Ун ги избрал нејзините најдобри другарки да работат за него, по што биле научени како да масираат па станел и негови сексуални робинки. Тие потоа биле одведени во неговит етајни простории каде му служеле делиактеси како кавијар и други префинети јадења. Ако случајно би направеле и најмала грешка едноставно би исчезнале, па дури и ако во тој момент биле трудни, тврди Лим.

Подоцна тврдела дека Ким се заканува со војна затоа што е загрижен и нема друг излез. Рекла дека и граѓаните на Пјонгјанг отворено го подджуваат затоа што во спротивно би биле убиени и дека тоа се однесува и на неговите блиски луѓе.

Девојката со својата мјка и брат успеала да зибега во јужнокорејскиот Сеул, а за Мирор се јавила од тајна локација. Името го сменила од безбедносни причини и наведува дека живее во страв по сето она што го видела во Северна Кореја.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.