Најмалку шест лица загинаа, а 77 се префрлени во болници откако „Амтрак“ воз кај Сиетл слета од шините, јавуваат светските медиуми.
Болнички извори јавуваат дека 77 лица биле донесени во болниците, а покрај оние кои се наоѓале во возот повредени се и патници кои биле во возилата во кои истиот удрил по излетувањето од шините. Американските медиуми јавуваат дека шест лица настрадале во возот.
Комапнијата „Амтрак“ соопштува дека во возот имало 78 патници и пет вработени.
Неименувани американски извори блиски до истрагата рекле, дека според прелиминарните податоци, возот веројатно удрил во нешто на шините, поради што исзлетал и слетал од надвозникот, пренесува АП.
Истиот извор напоменува дека пругата е сосема нова, и дека многу е мала веројатноста да дошло до ислизнување поради лошото одржување.
Возачите се повикуваат да го избегнуваат тоа подрачје во американската држава Вашингтон.
Несреќата се случила нешто пред осум часот по локално време, при првото возење на брзиот воз на новоизградената пруга.
Во меѓувреме, гувернерот на државата Вашингтон, Џеј Инсли прогласи вонредна состојба откако слетувањето на возот предизвикало „губиток на животи, повреди и оштетување на инфраструктурата“, јавува Ројтерс.
Loading...