Трамп сподели радикални антимуслимански снимки на Твитер

Сподели со своите пријатели

Претседателот на САД, Доналд Трамп на Твитер проследи серија антимуслимански видео клипови кои ги објавила екстремнодесничарска британска политичарка.

Трамп споределил со своите следбеници порака во која пренесува видео снимка на Џејда Франсен, заменик претседателка на екстремно десничарската група Британија прво (Britain First).

На првата снимка Франсен тврди дека е прикажан муслимански мигрант како напаѓа маж на штаки, а следат снимки од луѓе за кои таа вели дека се смуслимани. Текстовите со снимките гласат – исламистичката багра турка тинејџери од кровот и го претепува до смрт, муслиман уништува статуа на Богородица и муслимански мигрант претепува холандско момче на штаки.

Loading...

Кога Трамп ги пренесе овие пораки веднаш реагираше преку Твитер и напишала:

– Доналд Трамп лично ги ретвитуваше овие снимки и има околу 44 милиони следбеници. Бог да те благослови Трамп. Бог да ја благослови Америка.

Партијата Britain First во 2011 година ја основаа поранешни членови на десничарската Британска национална партија. Таа група привлече внимание на социјалните мрежи со контроверзни објави за тоа што сметаат дека е исламизација на Велика Британија, пренесува ВВС.