Трамп најави засилени санкции против Северна Кореја

Сподели со своите пријатели

Зајакнати санкции ќе бидат воведени кон Северна Кореја, како одговор на последното севернокорејско лансирање на балистичка ракета, најави денеска Доналд Трамп, претседателот на САД.

– Разговарав со кинескиот претседател Си Џипинг и изразив загриженост за провокативните акции на Северна Кореја, напиша Трамп на Твитер.

Како се наведува, не е прецизирано кои ќе бидат новите санцкии.

Во соопштението од Белата куќа се наведува дека Трамп барал од Си Џипинг да ги употреби сите расположливи средства за да го спречи понатамошното провоцирање од Северна Кореја.

Макрон смета на Русија и Кина за санкции кон Северна Кореја

Loading...

 

Претседателот на Франција, Емануел Макрон рече денеска дека смета на Кина и Русија да ги зајакнат санкциите против Северна Кореја.

– Повторно најостро го осудувам лансирањето на ракетата, а сега мораме да ги засилиме санкциите. Особено сметам на Кина и Русија да спроведат најтешки и најефикасни санкции, рекол Макрон на самитот на Европската унија и Африка во престолнината на Брего на Слоновата Коса, Абиџан, пренесува Ројтерс.

СВЕТОТ ВО СТРАВ: Северна Кореја лансираше нова балистичка ракета

Северна Кореја во вторинк лансираше балистичка ракета од јужната Пјонгјанг провинција. Ракетата по 50 минути лет паднала во морето покрај Јапонија и не предизвикала штета. Тоа е прва ракета која Северна Кореја ја лансираше од 15 септември.