Заштита на културното наследство, најави кандидатот за советник Томица Илиќ

Сподели со своите пријатели

Заштита на споменици на културата и осветлување на објектите од културното наследство, најави денеска на прес конференција кандидатот за советник од редовите на СДСМ, Томица Илиќ.

Како што потенцираше Илиќ, дел од објектите како „Соколана“, „Занатскиот дом“, „Касапски круг“, црквата „Св. Ниола“, градската Џамија, како и неколку станбени објекти не успеале да одолеат на забот на времето, па затоа во нивната програма се предвидува посветување внимание на културното обележје на градот.

– Во нашата програма предвидено е заштита на споменици на култура и осветлување на овие објекти преку изработка на заштитно – конзерваторски основи на територијата на целиот град. Со што прво ќе се мапираат сите културни добра, а потоа ќе се изврши анализа за утврдување на потребниот степен на заштита на објектите. Исто така предвидена е и реконструкција и ревитализција на сите утврдени културни добра. Ќе се залагаме објектите околу спомениците да бидат осветлени за да се вклопат во амбиенталниот изглед. Со ова ќе го вратиме вистинскиот вистинскиот изглед на градот и ќе создадеме препознатлива слика за истиот. На таков начин ќе биде попривлечен за туристите, за развој на бизнис секторот, економијата, социјалниот и културниот живот, како што и впрочем доликува на најголемата општина во државата, рече Илиќ.

Воедно Илиќ на граѓаните на Куманово им го честиташе Денот на народното востание „11 Октомври“.