Четворица повредени при судир на „голф“ и „кавасаки“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четири лица се повредени, од кои едно потешко при судир на „голф“ и „кавасаки“ во Куманово, а во несреќата страдал и паркиран „цитроен“.

– На 25.05.2026 околу 18:45 часот во СВР Куманово е пријавено дека на раскрсницата од бул. „Трета македонска ударна бригада“ и ул. „ЈНА“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната Л.Ш. од с.Романовце, кумановско и  мотоцикл „кавасаки“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Љ.Р.(27) од с.Черкези, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, потоа патничкото возило „голф“ удрило во патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, запрено од А.Р.(43) од Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска и утре без струја повеќе делови од Куманово

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобиле Л.Ш. и нејзините сопатници М.Ш.(51) и еден малолетник, двајцата од Куманово, констатирани во Општата болница Куманово, додаваат од полицијата.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски