Попречуван сигналот на воениот авион со кој романскиот министер леташе кон Литванија

Сподели со своите пријатели

Вршителот на должноста романски министер за одбрана Раду Мируца изјави дека GPS сигналот на авионот со кој неодамна патувал во Литванија бил попречен.

„Да, очигледно. Сигналот бил блокиран, но не мора за нашиот авион, туку за таа област. Авионот е воен, има воени уреди против блокирање, но, да, проверивме и имаше многу силно блокирање“, рече Мируца, пренесува Digi24.

Тој рече дека пилотите го активирале воениот навигациски систем и презеле заштитни мерки.

„Разгледавме каде може да се позиционира авионот, врз основа на искејпираните GPS информации. Имаше цела дискусија со пилотите таму во авионот, додека се приближувавме кон Литванија“, рече Раду Мируца.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дете се обиде да се кандидира за пратеник, тврдеше дека има 30 години и дека е „џуџе“ (ВИДЕО)

Министерот додаде дека, веројатно, повеќето авиони што минуваат низ таа област се соочуваат со истиот проблем, пренесува Танјуг.

На авион на Кралските воздухопловни сили што го превезуваше британскиот министер за одбрана Џон Хили, исто така, му бил блокиран GPS сигналот за време на летот во близина на руската граница оваа недела, според The ​​Times.